Агентот на Лаутаро Мартинез, кажа дека неговиот клиент нема намера да си замине од Интер, и одлично се чувствува во Милано, како и да верува во проектот на „Нероазурите“. Ваквата изјава сигурно ќе ги израдува навивачите на европскиот вицепрвак.
Мартинез е во одлична форма од почетокот на сезоната, и моментално е прв стрелец во Серија „А“, а пред неколку дена постигна четири гола во натпреварот со Салернитана во Серија „А“.
„Среќен е, тој сака да биде дел од проектот на Интер, кој е навистина амбициозен. Има одличен однос во соиграчите и со сите останати. На крајот тој е долгорочен проект на еден од најдобрите клуботи во Европа, и среќен е во приватниот живот, заедно со неговото семејство“, изјави Алехандро Камано.
Лаутаро е во Интер од 2018 година, а за клубот одигра 247 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

