Македонскиот фудбалски интернационалец веројатно за последен пат беше дел од шкотскиот прволигаш Абердин. Тој иако денешниот меч на неговиот клуб го помина на клупата за резерви, сепак по неговото завршување беше главната ѕвезда на теренот.
Имено, Миовски кариерата ќе ја продолжи во изненадувањето на минатата сезона во Ла лига, Жирона, а денешниот меч беше можност тој за последен пат да се прости од навивачите на Абердин.
Дефинитивно навивачите на овој клуб нема никогаш да го заборават нашиот репрезентативец, кој остави голем печат во редовите на шкотскиот великан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА