Жесток и емотивен прием му приредија навивачите на Абердин на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во неговиот прв гостински натпревар во дресот на Глазгов Ренџерс против поранешниот клуб.
Навивачите на „црвените“, кои некогаш го обожаваа центарфорот поради одличните партии и 32 постигнати голови во две сезони (2022–2024), овојпат го дочекаа како голем непријател.
Пред почетокот на мечот од шкотската Премиерлига, на трибината се појави голем транспарент посветен токму на Миовски. Пораката гласеше:
„Никогаш не би се вратил на Питодри во дрес на Ренџерс, имам морал“
Оваа изјава е култна реплика на легендарниот поранешен играч на Абердин, Еион Џес, кој ја изјавил во минатото кога стануваше збор за можен трансфер во ривалскиот клуб. Транспарентот беше дополнет и со слика од Џес со прослава на гол против Ренџерс, што дополнително ја засили пораката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

