Германскиот стручњак Томас Тухел пред неколку дена беше избран за нов селектор на Англија, што предизвика големо незадоволство на островот. Навивачите сакаат локалниот селектор да ја води репрезентацијата, а дури кога видоа што прави Тухел, нивниот гнев стана уште поголем.
Првиот список ќе го објави за неколку недели пред финалните натпревари од Лигата на нации а медиумите во Англија пишуваат дека Тухел сигурно ќе има неколку промени во тимот.
Најмногу се шпекулира дека во репрезентацијата би можел да ги врати Рахим Стерлинг и Ерик Даер со кои имаше можност да соработува, а не е тајна дека многу им се восхитува на овие играчи.
Англичаните на големо пишуваат дека Стерлинг и Даер повторно ќе играат за репрезентацијата, што непријатно ги изненади навивачите. Сметаат дека овој двоец не заслужува да биде повикан во репрезентацијата, а Тухел ќе направи голема грешка доколку ги повика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА