Навивачите на Арсенал без трпение за трагичарот Хаверц, закани кон неговата бремена сопруга

Каи Хаверц беше трагичар за Арсенал и го чинеше својот тим елиминација од Манчестер Јунајтед во 3. коло од ФА Купот. Германскиот репрезентативец промаши изгледни шанси за гол во регуларниот дел од средбата, а промаши и пенал во рулетот.

Поради лошиот настап тој е мета на навивачите на Арсенал кои упатуваат навреди кон него, но и кон неговото неродено дете. Тоа го сподели неговата сопруга Софија.

Дел од навреите преминале и во закани кои ќе бидат и дополнително истражени од страна на Арсенал кој веќе се консултирал со адвокати и истражители специјализирани за идентификација на онлајн насилници.

Се вчитува...