Дерби натпреварот помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити кој ќе биде одигран денеска со почеток од 21 часот во Лондон е од големо значење и за шампионската амбиција на Арсенал. Доколку градскиот ривал на „топчиите“ успее да им одземе бодови на „граѓаните“ тоа ќе донесе изедначување на врвот на табелата или пак ќе го остави Арсенал во пол-позиција за титула.
Затоа навивачите на Арсенал вчеравечер тргнале во голема акција во Лондон да им помогнат на фудбалерите на Тотенхем. Планот бил со огномет и голема врева во два часот наутро пред хотелот во главниот град на Англија да бидат разбудени фудбалерите на Манчестер Сити, но наместо тоа навивачите на Арсенал се посрамотиле, пренесуваат медумите на „Островот“.
Во хотелот каде е сместен Манчестер Сити вчера пристигнал само дел од стурчниот штаб и останатите инволвирани во првиот тим, а не и првотимците бидејќи актуелниот шампион на Премиерлигата не практикува да преноќува во градовите каде гостува во Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА