Арсенал стигна до огромни три бода во Премиерлигата откако во 15. коло славеше со 3-4 на гостински терен против Лутон во натпревар во кој победоносниот гол за „топџиите“ го постигна Деклан Рајс во седмата минута од судиското продолжение. Тоа е втор гол од огромна важност на 115 милионското засилување откако претходно на сличен начин го „сруши“ и Манчестер Јунајтед.
Рајс е веќе миленик на навивачите на Арсенал, кои интересно неговата непроценлива вредност ја одбележаа започнувајќи петиција на страната „GoFundMe“ со цел да соберат дополнителни средства за обесштета кон доскорешниот клуб на Англичанецот, Вест Хем Јунајтед.
„По повод грабежот над Вест Хем Јунајтед, ги молиме навивачите на Арсенал да се здружат за собирање на средства за надокнада на недоволната обесштета за Деклан Рајс. Во последните 15 дена стана очигледно дека Еду и Арсенал профитираа од прениската цена платена за него“, пишува во објавата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА