Хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко е клучниот човек во спасувањето на Фернандо Торес кој вчера стравично се повреди на дуелот против Депортиво.
Прв на помош му дотрча Вршаљко кој со соиграчот Габи спречија Торес да го проголта јазикот и да се загуши на терен. Лекарите пристигнаа неколку моменти подоцна испраќајќи и серија пофали за Вршаљко за „фантастично одработената прва помош“.
И во моментите кога утрово и самиот Фернандо се огласи преку Твитер благодарејќи на сите за поддршката, навивачите на Атлетико Мадрид на социјалните мрежи испраќаат благодарност и пофалби за Шиме кој преку ноќ стана херој на „Висенте Калдерон“.
„Ангел во црвено-бело. Ти благодариме Шиме што така брзо реагираше и го спаси животот на Фернандо, нашето дете“ – напиша еден од навивачите на Атлетико.
„Фернандо ти е должник… Вршаљко и Габи единствени зачуваа ладни глави. Неверојатно… Шиме е играч на натпреварот“ – се дел од коментарите на навивачите на мадридскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА