Селекторот на Австрија, Ралф Рангник е блиску до преземање на кормилото на Баерн Минхен. Меѓутоа „Баварците“ се соочуваат со нов проблем, и тоа од нивните навивачи.
Фановите на „Баварците“ потишуваат петиција во одбрана на Томас Тухел. Во февруари клубот објави дека ќе се раздели од Тухел по завршувањето на сезоната, а Баерн од тогаш ја загуби титулата во Бундеслигата, но стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите.
Навивачите со петиција ќе бараат клубот да го задржи Тухел.
Петицијата е наречена „Го сакаме Тухел, а не Рангник“, беше креирана во вторникот, и досега има собрано преку 10.000 потписи.
„Со сета почит кон кандидатите како Емери или Рангник, но овие тренери не се споредуваат со Тухел“, стои во петицијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА