Баерн го исфрли Леон Горецка од тимот. Искусниот германски играч за врска повеќе не е во плановите на тренерот Винсент Компани.
Се уште не е познато зошто Баерн го направи овој потег. Горецка е шест години во Баерн кога пристигна како слободен играч по истекот на договорот со Шалке.
Со Баерн ги освои сите можни трофеи, а на 221 натпревар постигна 40 гола и забележа 46 асистенции. Според Трансфермаркт, тој вреди 30 милиони евра, а сегашниот договор му важи уште две години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА