Навивачите на Барса гневни на Тер Штеген, тој пак ги обвинува соиграчите (ВИДЕО)

Голманот Марк-Андре тер Штеген не е омилена личност меѓу навивачите на Барселона. По синоќешното свое очајно издание против Монако во ЛШ, пак, многумина посакаа и да замине од клубот.

Германскиот голман по само 10 минути игра направи кикс, со непотребно проигрување кон својот соиграч Ерик Гарсија, доведувајќи го до црвен картон и на крај пораз од Монако.

Навивачите и фудбалските аналитичари не може да разберат како си дозволи да го проигрува Гарсија, и покрај тоа што имаше двајца отворени соиграчи, по што Гарсија направи прекршок за црвен картон.

На мечот имаше уште неколку кикс интервенции, но најболно за навивачите на клубот е што по мечот тврдеше дека се виновни и тој, но и Гарсија за црвениот картон.

„Не се разбравме баш најдобро. Се случи нешто што не требаше, но тоа е фудбалот. Бевме храбри и со десет играчи на терен“ – рече Тер Штеген.

Новинарите блиски до Барселона, не може да веруваат што зборува германскиот голман.

„Тоа што ги обвинува соиграчите е многу полош од тоа што го правеше на терен. Имаше две подобри опции а го проигра Гарсија. Ништо не може да ги надомести неговите грешки“ – вели Хави Мигел.

Не беше задоволен по натпреварот и Ханси Клик кој истакна дека ќе се анализира внатре во соблекувалната што се случило.

Се вчитува...