Барселона загуби од Атлетико Мадрид со 0-2 на домашен терен во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.
Сè беше отежнато со црвениот картон на Пау Кубарси во 41-та минута, по што Хулијан Алварез постигна гол за 0-1. После тоа, Барселона притискаше со еден играч помалку, но Атлетико повторно постигна гол во второто полувреме преку Александар Сорлот за конечни 0-2.
Тимот од Мадрид објави на социјалните мрежи фотографии од штетата што на нивниот автобус му ја направија навивачите на Барселона со натпис: „Еј, НАСА, имаме фотографии од темната страна на Месечината“.
Навивачите на Барселона го скршија автобусот на Атлетико пред еден месец, кога двата тима се сретнаа во полуфиналето на Купот на Кралот, па се чини дека гостите не беа премногу изненадени од грдата ситуација.
Nosotros también hemos visto esta noche la cara oculta de la luna, @NASA. pic.twitter.com/SvSfH7JBdV
— Atlético de Madrid (@Atleti) April 8, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

