Навивачите на Барселона расистички навредуваа свој поранешен фудбалер

Тренерот на Селта Виго, Калудио Хиралдес изјави дека навивачите на Барселона на расна основа го навредувале неговиот фудбалер Илајш Мориба за време на натпреварот од шпанското првенство.

Дваесетидвегодишниот кој е со потекло од Гвинеја е расно навредуван кога бил заменет во завршницата на натпреварот во која Барселона по драма и гол од пенал забележа победа.

„Жалосно е тоа што се случува и денеска во фудбалот“, изјави Хиралдес пред новинарите.

Мориба беше дел од младинската школа на Барселона пред да стане дел и од првиот тим. Во 2021 година премина во Лајпциг, но не се прослави во германскиот клуб па оттогаш е на позајмица во Валенсија, Гетафе и Селта.

Се вчитува...