Иван Ракитиќ се најде на удар на навивачите на Барселона бидејќи многумина веруваат дека бил искористен од Марк-Андре тер Штеген за да изврши дополнителен притисок врз челниците на каталонскиот клуб со она што го кажал за германскиот голман.
Ракитиќ пред една недела соопшти дека ја завршува кариерата, и останува во менаџментот на Хајдук, но се најде на мета на критики од навивачите на Барселона бидејќи изјавата што „не им се допаднала“ била во центарот на вниманието.
Ракитиќ зборуваше за својот поранешен клуб, но беше прашан и за ситуацијата со голманите, која во моментов не е најидеална. Барселона се обидува да се ослободи од Тер Штеген и јасно е дека Жоан Гарсија ќе биде прв голман во новата сезона. На Тер Штеген му беше кажано дека може да бара нов клуб, а во случај да го одбие трансферот, тогаш ќе ја има улогата на трет голман и јасно е дека нема да брани следната сезона.
Навивачите на Барселона веруваат дека Тер Штеген почнал да лобира преку своите пријатели и поранешни соиграчи за јавно да им покаже на челниците на Каталонците дека ја заслужува позицијата прв голман, која ја држи десет години.
Така навивачите на Барселона ја разбраа изјавата на Ракитиќ, кој само рече дека Тер Штеген треба да биде прв голман на овој тим и дека за тоа нема сомнение.
„Дали е изводливо да имаме дуо Тер Штеген-Гарсија? Секако дека е. Тоа е сосема едноставно бидејќи Марк би бил првиот избор“, рече Ракитиќ.
Сепак, на навивачите на Барселона не им се допадна пораката на поранешниот играч од средниот ред бидејќи е познато дека тој и Тер Штеген се во многу добри односи и се одлични пријатели.
🎙️ ¿Es sostenible tener una dupla de porteros con Joan García y Ter Stegen?
🗣️ Ivan Rakitic:
“Sí… Muy fácil, Ter Stegen jugaría” pic.twitter.com/VvA0276v5C
— Som I Serem FCB (@Somhiseremfcb) July 18, 2025
Навивачите го обвинија Ракитиќ дека јавно лобира за Тер Штеген и врши непотребен притисок врз челниците на Барселона, откако беше јасно одлучено дека германскиот голман повеќе нема да биде прв голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

