Навивачите на Барселона слават: Педри го продолжи договорот

Навивачите на Барселона може да бидат задоволни, затоа што клубот го задржа еден од најдобрите играчи Педри. Тој денеска го продолжи договорот до 2030 година. Неговиот претходен договор беше до 2026 година.

Нема информации дали има промена на вредноста на неговата откупна клаузула која според стариот договор изнесуваше милијарда евра.

Педри (22) сега има одиграно 175 натпревари за Каталонците, во кои директно учествувал во 41 гол. За тоа време нема добиено ниту еден црвен картон.

Веднаш по него Барса ќе ги обнови договорите со Гави , Ламин Јамал и Иниго Мартинез , а неодамна тоа го направи и со капитенот Роналд Араухо и Жерар Мартин.

Се вчитува...