Навивачите на Бенфика револтирани од Фернандез: Гомно мало губи се од клубот

Енцо Фернандез блесна на Светското првенство во Катар и го примами интересот на европските великани. Најконкретен беше Челси кој веднаш влезе во преговори со Бенфика, а и покрај тоа што двата клуба не можат да најдат заеднички јазик за сумата на трансферот, младиот Аргентинец прави се во својата моќ за премине на „Стемфорд Бриџ“.

Тој од стартот на 2023 година „штрајкува“ , воопшто не се појавил на тренинзите закажани во тренинг-базата во првите два дена од јануари, исти се и вестите за денеска, а тоа наиде на жестоки рекации кај навивачите на Бенфика.

Видно незадоволни од однесувањето на својот фудбалер тие упатија критики и навредливи зборови кон 21-годишникот нарекувајќи го „кучкин син“, „мало гомно“, итн… сугерирајќи му на претседателот Руи Коста да ја прифати понудата за „предавникот“.

Се вчитува...