Навивачите на Болоња се собраа на молитва за Михајловиќ

Неколку стотини навивачи се собраа во катедралата Мадона ди Сан Лука во Болоња на молитва за Синиша Михајловиќ. Пред светилиштето тие истакнаа голем транспарент со ликот на Михајловиќ. На настанот присуствуваше и сопругата на тренерот, Аријана.

„Ви благодарам на сите. И во мое, и во име на Синиша. Му благодарам на тимот за солидарноста“ – изјави сопругата на поранешниот српски селектор.

Навивачите се организирале преку социјалните мрежи, а порачаа дека се собрале како знак на поддршка за Михајловиќ кој боледува од леукемија.

 

Се вчитува...