Навивачите на Борусија Дортмунд со вреќи за пари против УЕФА и Њукасл

Борусија Дортмунд со 2-0 го совлада тимот на Њукасл во „групата на смртта“ во Лигата на шампионите. Германскиот клуб е познат по своите жестоки навивачи, кои на секој натпревар доаѓаат над 80.000 на стадионот во Дортмунд.

Познати се навивачите на „жолто-црните“ и по кореографијата и пеколната атмосфера која ја прават за домашните натпревари, а не беше ништо поинакво и против Њукасл.

Овојпат протестираа против УЕФА поради реформите во Лигата на шампионите, кои стапуваат на сила од идната сезона, и против сопствениците на Њукасл.

Њукасл од 2021 година е во сопственост на богато семејство од Саудиска Арабија, кое вложи огромни пари во клубот, и тоа им овозможи после долго време да се пласираат повторно во Лигата на шампионите.

„Не ви е грижа за спортот, се грижите само за парите“, пишуваше на транспарентот, а потоа на теренот фрлаа лажни вреќи на пари како провокација.

Се вчитува...