Навивачите на Денвер со порака за Јокиќ: Молете се за него!

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, се повреди на натпреварот против Мајами хит кој неговиот тим го загуби со 123-147.

Ѕвездата на Денвер излезе од теренот на полувремето откако го повреди левото колено околу три секунди по почетокот на втората четвртина. Повредата се случи кога соиграчот на Јокиќ, Спенсер Џонс, го удри долниот дел од ногата на српскиот кошаркар, повредувајќи го левото колено.

Зборови на поддршка стигнуваат од сите страни, а по мечот навивачите на клубот од Колорадо побараа од сите кошаркарски фанови да се молат за него.

Се вчитува...