Динамо Загреб убедливо со 3-0 загуби на гостувањето против Арсенал со 0-3, со што ги сведе речиси на минимум шансите за пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
На силни критики од хрватската фудбалска јавност и навивачите на Динамо Загреб наидоа фудбалерите на хрватскиот шампион, но најголемото незадоволство беше насочено кон македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, за кого навивачите потенцираат дека е виновникот за сите три погодоци на Англичаните. Не полесно помина и вториот поранешен македонски репрезентативец Аријан Адеми.
„Ристовски и Адеми веќе не се способни за играње сериозен фудбал… Секогаш кога Ристовски ќе ја допре топката, 10 фудбалски школи се затвораат… Му благодариме за се досега, но тој веќе нема брзина ниту за ХНЛ, а камоли за нешто посериозно… Ристовски нека му го подарат на Работнички, подобро да не дојдеше на натпреварот… Арсенал-Ристовски 3-0… Ристовски ги пушта навивачите на Арсенал да центрираат како да го наместил натпреварот… Не ми се верува дека никој нема храброст да му каже на Ристовски дека му помина времето. Ристовски, Рог и Адеми треба сами да кажат доста е, и да си одат од клубот“ – се дел од бројните коментира на навивачите на Динамо Загреб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

