Карло Анчелоти замина од „Гудисон Парк“ па Евертон сеуште ја бара замената за италијанскиот стратег. Едно од имињата кои се споменува во англиските медиуми е Рафа Бенитез, за кој Англичаните пишуваат дека само формалности го делат од превземање на составот од Ливерпул меѓутоа навивачите на клубот имаат спротивни размислувања од раководството.
Имено, пред стадионот на „сините“ одекнаа транспаренти со погрдни имиња за Шпанецот од добро позната причина. 61-годишникот шест години го предводеше лутиот ривал Ливерпул, а притоа често знаеше да го навреди градскиот ривал, велејќи дека Евертон е „мал клуб“.
Banners have been left by fans outside Goodison Park expressing their feelings about the recent Rafa Benitez rumours. 🔵 #EFC pic.twitter.com/anubQPs59S
— ✈ (@evertonfinest) June 17, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА