Навивачите на Евертон јасни: Го сакаме Лампард (ВИДЕО)

Евертон сеуште е во потрага по нов тренер откако Рафа Бенитез кој го превзема клубот во пресрет на сезоната замина по нецели шест месеци. Навивачите на клубот се противеа на одлуката на раководството шпанскиот стратег кој во минатото го предводеше Ливерпул да биде прв тренер на „карамелите“, а сега го знаат и наследникот.

Имено, вчеравечер пред „Гудисон Парк“ најверните навивачи имаа мал протест на кој бараа отставка на раководството, а за нов тренер да биде назначен Френк Лампард, наместо Витор Переира кој во моментот ја има предноста за наследник на Бенитез.

Се вчитува...