Навивачите на Филаделфија, вината за првиот пораз на домашен терен сезонава ја најдоа во првите редови покрај паркетот, кај Кендал Џенер. Филаделфија загуби од Кливленд со 116-121.
Атрактивната девојка од кланот Кардашијан седеше во првите редови покрај теренот како поддршка за нејзиното ново момче, кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс.
Но, нејзиното присуство не им се допадна на навивачите, а еден од нив дури и покрена петиција на Кендал да и се забрани влез во салата во Филаделфија и брзо собра 10.000 потписи.
Навивачите веруваат дека таа му донела несреќа на нивниот тим бидејќи загубија од моментно најлошата екипа во НБА лигата. Со петицијата тие сакаат да спречат вакви порази во продолжението од сезоната и се надеваат дека клубот ќе и забрани на Кендал Џенер да доаѓа на домашните натпревари на Филаделфија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА