Галатасарај успеа да ја направи најголемата сензација во летниот преоден рок, откако го доведе Виктор Осимен на позајмица. Тоа се случи во еден часот по полноќ кога 25-годишникот пристигна во Истанбул, каде што беше пречекан од еуфорични обожаватели. Во Истанбул се навикнати на големи имиња, но обично ѕвездите доаѓаат по величествени периоди во најсилните лиги.
Галатасарај го донесе Осимен на позајмица, која ќе ги чини 8,8 милиони евра, што е девет десетини од годишната плата на играчот. Осимен ќе го продолжи договорот со Наполи до 2027 година, но доби помала минимална откупна клаузула која сега ќе биде помала од 80 милиони евра.
🟡🔴🦁 Victor Osimhen ✖️ Galatasaray fans! pic.twitter.com/VdoRN91HF4
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА