Навивачите на Индепендиенте во транс: Легендарниот Карлос Тевез седна на клупата

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез, е нов тренер на Индепендиенте, објави клубот на социјалните мрежи.

Тевез на оваа позиција го наследи Алберто Зиелински, кој поднесе оставка по поразот од Колона со 0-1. За некогашниот напаѓач на Бока Јуниорс, Коринтијанс Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус, ова ќе му биде втора тренерска работа. Минатата година го водеше Росарио, но поднесе оставка само пет месеци минати на клупата.

Тевез со Манчестер Јунајтед ја освои Лигата на шампионите, а со Бока славеше во Копа Либертадорес. За Аргентина одигра 76 натпревари, притоа постигнувајќи 13 гола.

Се вчитува...