Навивачите на Интер и Пари Сен Жермен го „окупираа“ централниот плоштад во Минхен „Марјанплац“ и со нетрпение го очекуваат финалето од Лигата на шампионите.
Во центарот на Минхен, доминира црно-сината“ боја на Интер, а навивачите на италијанскиот клуб барем засега се многу погласни и се надеваат на четвртата титула европски првак, прва по 2010 година.
Има и навивачи на Пари Сен Жермен, помалку „бучни“, но подготвени да го прослават првиот трофеј од Лигата на шампионите во историјата.
Финалето помеѓу Пари Сен Жермен и Интер започнува во 21 часот на „Алијанц Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

