Навивачите на Интер може да здивнат: Инзаги со НЕ за понудата од Саудиска Арабија

Саудискиот Ал Хилал се обиде да го привлече тренеро на Интер Симоне Инзаги со импресивна понуда од 20 милиони евра годишна плата, но тренерот има намера да ја одбие понудата бидејќи сака да го продолжи престојот на „Џузепе Меаца“.

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ тврди дека раководството на Ал Хилал е уверено дека може да го убеди Инзаги да го напушти Интер на крајот од сезоната, но во Италија тврдат дека оваа информација не е точна.

Менаџерите на тренерот, сепак, ќе летаат во Ријад следните денови за да разговараат за понудата, но стручњакот нема намера да ја менува средината, и целосно е фокусиран на финишот во Серија „А“, како и за финалето во Лигата на шампионите, во кое неговиот тим ќе игра против ПСЖ.

Сега главни кандидати за клупата на Ал-Хилал се Нуно Еспирито Санто од Нотингем, кој исто така се поврзува со Рома, како и Марко Силва од Фулам.

Се вчитува...