Навивачите на Интер не забораваат: Добредојде дома, Жозе Мурињо (ФОТО)

Жозе Мурињо вечерва за првпат се врати на „Џузепе Меаца“ како гостин – предводник на друг тим на гостувањето против Интер во четвртфиналето од Купот на Италија.

Сосема очекувано, Португалецот беше пречекан со овации од домашните навивачи, а на трибините можеше да се забележи и транспарент „Добредојде дома, Жозе“.

Како што е добро познато, Мурињо беше предводник на фантастичната генерација на Интер што во сезоната 2009/2010 ја освои тројната круна, тим од кој дел беше и нашиот Горан Пандев.

Се вчитува...