По само два натпревари од новата сезона навивачите на Манчестер Јунајтед го загубија трпението за капитенот Бруно Фернандеш кој имаше неверојатно промашување од белата точка на натпреварот против Фулам.
Португалецот очајно го изведе пеналот, ја прати топката високо над пречката па го привелече бесот на навивачите кои упатија лавина на критикувачки коментари на социјалните мрежи.
„Ова е најлошото промашување кое сум го видел. Дали топката отиде на месечината бидејќи неа ја целеше?! Срамотно и понижувачки, ова не е добро“, „Пратете ја пропалицата во Арабија“, „Шутираше кон ѕвездите, ја погоди месечината“, „Бруно ова не е рагби“, се само дел од коментарите.
Фернандеш пак за виновен за промашувањето го прогласи судијата со кој имаше допир пред шутот. Капитенот на Манчестер Јунајтед е разочаран бидејќи судијата Кавена не му се извини за допирот со кој го спречил да го изведе ритуалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

