Навивачите на Јунајтед не може да веруваат што зборува Тен Хаг…!

Холандскиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг очигледно е убеден дека неговиот тим се уште има сериозни шанси за освојување на Премиерлигата.

Тен Хаг смета дека неговиот тим има шанси да го стигне минусот д 14 бода во однос на Ливерпул, и да одигра перфектен втор дел од сезоната.

Но, тоа се зборови кои ги оставаат во шок и неверување навивачите на Манчестер јунајтед, наспроти констатациите на медиумите дека „црвените ѓаволи“ освен за трофејот во ФА Купот и немаат за што друго да се борат сезонава.

„Не е точно дека ни остана само ФА Купот. Се уште ја имаме и Премиерлгата. Се бориме за два трофеја оваа сезона. Играме и за трофејот во Премиерлигата за кој имаме сериозни шанси“ – рече Тен Хаг на прес-конференцијата пред вечерашниот меч од ФА Купот и ги остави медиумите и јавноста во неверување.

Манчестер јунајтед вечерва од 21:15 часот против Виган го игра натпреварот од ФА Купот.

Се вчитува...