Откако Јувентус го објави новиот дизајн на клупскиот амблем, не стивнаа изминативе неколку денови реакциите од јавноста. Навивачите беа бесни, водеа бројни расправи на социјалните мрежи, имаше бројни „спдрачења“ со амблемот кој славниот клуб го претстави на свеченоста во Милано.
Но, и покрај критиките, претседателот на клубот, Андреа Ањели не се откажа од фамозната буква „Ј“ објаснувајќи дека токму таа буква и тој амблем е историјата на „Старата дама“.
„Црно-бели пруги се препознатливиот знак и тоа ќе биде главната карактеристика на новиот дрес. Скудетото претставува клупска желба за победа, сега и засекогаш. Затоа конечно ќе ја имаме и буквата Ј. Таа завзема посебно место во срцето на секој навивач“ – рече Ањели, и покрај критиките.
Но, откако навивачите на Јуве видоа како новото лого на новата гарнитура дресови, во секунда го променија своето мислење. Вчера беа бесни а денеска се воодушевени. Едногласно е мислењето дека новото лого и дрес се беспрекорни…
А, челниците на Јувентус, веднаш почнаа да профитираат од промената на логоот. Веќе се нарачани илијадници нови дресови од страна на навивачите на „Старата дама“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА