Навивачите на Јувентус до порака до Влаховиќ (фото)

Душан Влаховиќ минува низ тежок период, преговорите за нов договор се далеку од конечен епилог, тренерот Мота не е најзадоволен од неговите изданија, а Србинот згора на тоа влезе и во конфликт со навивачите на Јувентус, веднаш по завршувањето на саботниот дуел со Венеција.

Тој беше бесен на навивачите поради свирежите и навредите упатени кон него и остатокот од тимот, Влаховиќ бурно реагираше, а денеска стигна одговор од најверните приврзаници на „старата дама“.

Пред куп-дуелот со Калјари пред стадионот на Јуве беше објавен транспарент, кој на навивачите не им било дозволено да го внесат на трибините.

„Еден изолиран гест не може да го избрише минатото, секогаш си бил почитуван од нас. Јувентус, ДВ9 и навивачите, обединети до крај“, пишуваше на транспарентот, со очигледна порака за поддршка за српскиот голгетер.

Се вчитува...