Уште една неубедлива игра на Јувентус, и пораз од 2-0 против Комо, кој ги вознемири навивачите на „бјанконерите“ до степен што многумина од нив не сакаат повеќе Хрватот да остане на клупата.
Јуве играше многу лошо и го доживеа првиот пораз во сезоната, покрај кој има и три победи и три нерешени резултати, што е доволно само за седмото место на табелата. Но, играта на тимот на Тудор е она што најмногу ги вознемирува навивачите на клубот.
Па на официјалните профили на Јувентус, на социјалните мрежи се бара заминување на Тудор, зголемувајќи го притисокот врз Тудор што медиумите неодамна го иницираа. Некои информирани претставници на „седмата сила“ тврдат дека натпреварот со Комо, како и претстојниот со Реал, ќе бидат клучни за статусот на Тудор во клубот.
Хрватскиот тренер беше прашан од новинарите дали е загрижен за својата иднина во клубот по овој натпревар.
„Дали сум загрижен? Секогаш, без разлика дали ќе се победи или изгуби, тренерот мора да биде загрижен, во смисла да биде внимателен. Во последните 15 минути беше исправно да се обидеме со двајца напаѓачи, но против Комо мора да се трча. Не е лесно да се покрие теренот со двајца во средината, со Чико и Кенан. Се обидовме и со Жоао Марио и Костиќ на крилата, но не функционираше. Сè секогаш ме загрижува, тоа е животот на еден тренер – победи, загуби, нерешени, но мора да се биде загрижен. А, што може да се направи подобро? Ќе разговараме за тоа во соблекувалната“ – рече Тудор по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

