Навивачите на Јувентус го кренаа својот глас против тренерот Масимилијано Алегри, после разочарувачкото „реми“ од 33. коло на италијанското првенство против Болоња.
Наводно фановите на Јуве бараат да се врати Антонио Конте, кој беше тренер на тимот од 2011 до 2014 година, а сега го води Тотенхем.
Тимот од Торино е далеку од шампионскиот трофеј, а вчера на свој терен со Болоња одигра само 1-1, со гол во судиското надополнување, со двајца играчи повеќе.
Јувентус во моментов има 63 бода на четвртото место, осум помалку од Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА