Навивачите на Јувентус во шок: Дибала не изгледа добро по повредата против Сасуоло (ВИДЕО)

Со головите на Данило, Ремзи и Кристијано Роналдо, Јувентус славеше над Сасуоло со што серијата победи ја продолжи на три натпревари во низа. Но, загрижувачка за „црно-белите“ од овој натпревар е повредата на Пауло Дибала.

Аргентинецот во 42. минутa од натпреварот доби повреда на коленото по што мораше да го напушти теренот, а денешните снимки од пристигнување на Аргентинецот во медицинскиот центар на Јувентус воопшто не ја олеснува ситуацијата.

 

Се вчитува...