Навивачите на Крим Меркатор, „кримовци“ и приредија срдечно испраѓање на македонската ракометарка Мирјета Бајрамовска. На посебен начин навивачите и се заблагодарија за сите убави моменти во изминатите три години во кои македонската ракометарка го носеше дресот на Крим.
„Најдобри навивачи „кримовци“, вие сте пример како се сака клубот и како се почитуваат играчите. Среќна сум што бев дел од Крим. Ви благодарам за се!“ – им се заблагодари Мирјета Бајрамовска на навивачите на словенечкиот тим.
Во Лигата на шампионите во која сезонава Крим стигна до главаната фаза, Бајрамовска постигна 32 гола, а на домашна сцена ја вратија шампионската титула и ја комплетираа двојната круна со триумф и во Купот на Словенија. Македонската репрезентативка во Крим дојде во 2014 година од Металург и во изминативе три сезони со успех го носеше дресот на најуспешниот словенечки клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА