Навивачите на Легија сезоната ја отворија со расистичка кореографија

Започна натпреварувањето во полскиот фудбалски шампионат, а навивачите на Легија Варшава „се истакнаа“ веќе во првиот натпревар. Речиси како фуснота помина тоа што Легија ја отвори сезоната со победа од 2-0 против Заглебје, а за тоа се погрижија навивачите на тимот од Варшава.

Овој пат, плоштадот на кој се собираат најжестоките навивачи на Легијата беше „украсен“ со расистички транспарент, со закана за бегалците од исламска вероисповед.

Голем знак „добредојде на бегалците“ е означен со слика на двајца мажи и една жена. Жената држи свинска глава, а мажите држат бејзбол палка и чекан. Екстремните десничари во Полска често ја користат свињата како симбол на исламофобија, истураат сало по границите на Полска низ кои минуваат мигранти од муслиманските земји, а никому не му е нејасна пораката на навивачите од Варшава.

Клубот се огласи околу целиот скандал, но не ја осуди постапката на своите навивачи.

Се вчитува...