Навивачите на Ливерпул може да „здивнат“: Салах дефинитивно останува на „Енфилд“

Навивачите на Ливерпул може да здивнат. Еден од најдобрите играчи на оваа екипа Мохамед Салах, сигурно и престојната сезона ќе го носи дресот на тимот од Енфилд, и покрај интересот од Саудиска Арабија.

Ова го потврдија и тренерот на „црвените“ Јирген Клоп, како и менаџерот на играчот.

„Немаме понуда за Мохамед Салах, но и да имаме одговорот ќе биде НЕ. Веќе неколкупати реков дека тој е важен играч за нашите амбиции“, рече Клоп пред новинарите.

Во изминатите денови се шпекулираше за можен трансфер во Ал Итихад, како замена за Бензема, кој е во спор со тренерот Еспирито Санто, меѓутоа Египќанецот најверојатно ќе остане во сегашниот негов клуб.

Се вчитува...