Навивачите на Ливерпул се збогуваа со Мане: Легенда на клубот кој никогаш нема да чекори сам (ФОТО)

Садио Мане по шест години поминати во Ливерпул ќе ги промени клупските бои. Сенегалецот се наоѓа пред трансфер во Баерн Минхен, а и покрај тоа што истиот се уште не е официјализиран навивачите започнаа да се збогуваат со 30-годишникот.

Напаѓачот за „црвените“ настапи на 269 натпревари, постигна 120 гола и асистираше 48 пати до своите соиграчи со што беше еден од клучните играчи во враќање на славата на англискиот клуб кој покрај Куп трофеите стигна и до „ушкото“ на Лигата на Шампионите и го прекина „постот“ во Премиерлигата.

Садио Мане ќе остане запомнет како легенда на Ливерпул, најпосакуваниот соиграч кој секогаш даваше максимум на зелениот терен.

в

Се вчитува...