Навивачите на Ливерпул загрижени за играчот вреден 100 милиони: Нѐ излажаа, вратете го Мане

Вријат социјалните мрежи од навивачите на Ливерпул после вчерашниот пораз од Манчестер Јунајтед 4-0. Особено фановите се лути на новото засилување, Дарвин Нуњез кое беше платено 100 милиони евра од Бенфика.

Имаше лавина од коментари, а фановите се загрижени околу овој трансфер. Дел од нив бараа да се врати Садио Мане, што апсолутно е невозможно.

„Не излажаа…“, „Вратете го Мане“… се дел од коментарите околу Нуњез.

Судејќи според промашувањата на Нуњез, тогаш имаше лош почеток, но има уште многу да им докаже на фановите дека грешат. Освен што промаши празен гол на дуелот со Манчестер, тој промашувал многу и на тренинзите, па несомнено навивачите се загрижени.

Се вчитува...