На Лориен не му оди најдобро оваа сезона. Тие се на претпоследното место во Лига 1 со само 12 освоени бода по 17 одиграни кола, а само еден тим е зад нив на табелата, а сето тоа не гарантира дека Лориен ќе биде член на елитниот караван следната сезона.
Најжестоките навивачи на овој тим на оригинален начин го покажаа својот гнев, оставајќи 400 килограми расипана риба пред тренинг центарот, а сето тоа кулминираше по убедливиот пораз од Брест (0-4).
Заедно со рибата тие оставија и транспарент на кој пишуваше: „Смрдлива како вас“.
Францускиот шампионат ќе продолжи на 6. јануари, кога Лориен ќе му гостува на Сошо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА