Навивачите на Малме победија: Статуата на Златан ќе биде преместена на друга локација

Златан Ибрахимовиќ се врати во Милано, а во Шведска се уште се води „војна“ поради неговата статуа која навивачите на Малме не сакаат да остане пред стадионот на клубот. Тие се чувствуваат предадени поради тоа што еден од најдобрите шведски фудбалери во историјата и поранешен играч на клубот одлучи да купи дел од акциите на Хамарби, конкурентскиот тим од Стокхолм.

Статуата висока три метри беше поставена минатата година, но фановите на Малме неколкупати ја уништуваа. Прво откинаа дел од носот, потоа ја обоија со сребрена боја, а на крајот ги оштетија и нозете. По ова статуата беше тргната од локацијата на стадионот.

Сега градскиот совет побара помош и совет од фудбалскиот клуб Малме во одбирањето на нова локација за статуата на Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот и во периодот додека беше во карантин, тренираше со тимот на Хамарби.

Се вчитува...