Откако во текот на вчерашниот ден навивачите на Манчестер Јунјатед упаднаа на „Олд Трафорд“ поради што мораше да биде одложено големото дерби против Ливерпул, протестите продолжија и денеска низ улиците на Манчестер.
Сега истите се одвиваат околку стадионот, а како што ненесуваат англиските медиуми, навивачите веќе ги испратиле и своите барања до раководството на клубот, семејството Глејзер кои се состојат од четири точки.
-
Очекуваме отворено да се ангажирате за ревизија на сопственичката структура на клубот, во која одреден дел од клубот ќе припаѓа на навивачите.
-
Бараме именување на независен директор кој ќе биде во управниот одбор на клубот, кој ќе врши единствена функција, а тоа ќе биде одбрана на интересите на клубот, а не на неговите акциониери.
-
Неопходно е да постои соработка помеѓу навивачките групи, но и останатите симпатизери на Манчестер Јунајтед и управата на клубот
-
Клубот мора да се обврзе на консултација со сопствениците на сезонските карти за секои значајни промени во иднина, вклучувајќи и такви за учество во некои нови натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА