Најжестоките симпатизери на италијански Милан најавија дека ќе го бојкотираат натпреварот против Лацио (20.45), но само првите 15 минути, како уште една форма на протест против управата.
Ултрасите на „росонерите“ веќе подолго време се најблаго кажано незадоволни од потезите на управата, како и од резултатите на тимот во последно време, а кулминацијата на нивниот негативен однос кон клубот следеше по елиминацијата на тимот од Лигата на шампионите.
Осмата позиција на табелата во Серија А и осум бодови помалку од четвртопласираниот Јувентус само ја зголеми нервозата кај миланезите, па оттука и одлуката да ги радикализираат протестите.
На мечот со Лацио трибината со најжестоките симпатизери ќе биде празна првите 15 минути. Тие ги критикуваа и последните изјави на Златан Ибрахимовиќ, за кои велат дека се „повеќе од смешни“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

