Навивачите на Милан во знак на протест ќе заминат од „Сан Сиро“: „Нека бидат сами во својот срам“

Навивачите на Милан најавија бојкот на последниот натпревар од сезоната во кој нивниот омилен тим ќе се сретне со Монца во сабота од 20 часот и 45 минути.

Во знак на револт за лошата сезона во која и покрај тоа што нивниот тим го освои Суперкупот на Италија, не успеа да обезбди нов европски предизвик за престојната сезона ќе го напуштат натпреварот по 15 минути игра.

„Ќе правиме „кортео“ од Каса Милан до стадионот „Сан Сиро“ на кој ќе бидеме присутни само во првите 15 минути. Сакаме да се чуе нашиот глас. По тоа ќе ги напуштиме играчите и управата, нека бидат сами во својот срам. Од почит кон сите, повикуваме на мобилизација на што повеќе навивачи овааа сабота“, стои во објавата на навивачката група „Curva Sud“.

Сезоната 2019/20 беше последна во која Милан не успеа да се избори за место во европските натпреварувања.

Се вчитува...