Навивачите на Наполи на „И-беј“ ја продаваат тревата од теренот на кој испишаа историја (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи по пауза од 33 години стигнаа до титулата во италијанската Серија А откако синоќа на гостувањето кај Удинезе одиграа 1-1.

Како да профитираат размислуваа и дел од навивачите на новиот шампион на Италија кои истрчаа на теренот во Удине за да ја прослават титулата.

Дел од тревата веќе се наоѓа на страницата за онлајн продажба „И-беј“, а почетната цена е 100 евра. Ако ги прашате навивачите на Наполи, тоа не е обична трева, туку парче историја. Тоа е парче трева на кое тимот од Неапол оствари историски успех.

Нааддавањето е во тек, а моментално ова парче трева достигна цена од 700 евра.

 

Се вчитува...