Навивачите на Сампдорија и Џенова се судрија на мостот во Џенова во пресрет на натпреварот меѓу двата фудбалски клуба во Купот на Италија.
Навивачите ги нападнале полицајците, а тие меѓусебно фрлале факели, шишиња и други предмети. Натпреварите меѓу Сампдорија и Џенова се секогаш натпревари со висок ризик бидејќи тие се големи градски ривали.
Со оглед на тоа што Џенова е во Серија А, а Сампдорија во Серија Б, овој натпревар им беше единствениот дуел оваа сезона. На крајот на победата се радуваше Сампдорија која славеше по изведување на пенали, откако по 120 минути резултатот беше 1-1.
25.09.2024🇮🇹Fight Genoa vs Sampdoria and vs 1312 after match, check more here: https://t.co/RMeQSPPNnz pic.twitter.com/vryl5QNFi2
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) September 26, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА