Навивачите на Партизан го дочекаа Обрадовиќ, не кажа дали останува

Ќе се премисли ли Жељко Обрадовиќ и ќе остане на клупата на Партизан? Ова е прашањето кое си го поставуваат сите навивачи на „црно-белите“, кои во голем број го дочекаа на аеродромот по неговото пристигнување во Белград од Атина.

Обрадовиќ пристигна во Белград, но не кажа ништо. Не ја соопшти одлуката на навивачите, кои со скандирања се обидуваа да му кажат да ја смени одлуката, и да остане на чело на Партизан. Тренерот со обезбедување го напушти аеродромот, а потоа заминаа и „Гробарите“.

Веројатно уште вечерва ќе следат разговори со раководството, по кое ќе следува конечната одлука околу тоа дали трофејниот тренер ќе остане на чело на „црно-белите“. Од раководството му дадоа одврзани раце за тимот, до таа мера што му порачаа ако има потреба да ги смени сите играчи.

Се вчитува...