Навивачите на Партизан го молат Хезоња, но тој дефинитивно оди во Панатинаикос само поради една причина

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња сосема извесно на крајот од сезоната го напушта Реал Мадрид и се сели во грчкиот Панатинаикос.

Хезоња со „кралскиот клуб“ веќе освои речиси се што може да се освои и подготвен е за нов предизвик во кариерата. Челниците на Реал сакаат Хрватот да остане во клубот, веќе понудувајќи му продолжување на соработката, но Хезоња тоа го одби.

Веќе од сега е јасно дека од следната сезона ќе биде во Панатинаикос, а главната причина за тоа е минутажата, а не парите. Од грчкиот клуб му ветиле далеку поголема минутажа и далеку позначајна улога во тимот, отколку што има сега во Реал Мадрид кој е тим со многу ѕвезди.

Хезоња веќе играше за Панатинаикос во сезоната 2020/21, и знае што го чека во Атина.

А, откако стана јасно дека го напушта Реал, постоеја шпекулации и дека би можел да потпише за белградски Партизан, клуб за кој и самиот Хезоња не крие дека му е еден од омилените. Но, сега веќе е јасно дека до овој трансфер нема да дојде и покрај тоа што навивачите на Партизан, преку социјалните мрежи изминативе денови го молат Хрватот да дојде во белградскиот клуб.

Сепак, од тоа нема да има ништо затоа што договорот со Панатинаикос веќе е постигнат.

Се вчитува...