Во феноменална атмосфера мина 167. вечно дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан на „Рајко Митиќ“, но со „нула“ на теренот, без голови и со поделба на бодови.
Извонредниот амбиент го заокружија навивачките групи на двата тима, доведувајќи го натпреварот во еден момент и до прекин кога навивачите на Партизан, популарните „Гробари“ ја запалија легендарната „Маракана“.
По пиротехничкото шоу на „Гробарите“ во 73. минута имаше само неколкуминутен прекин… И на спротивната страна со одлично шоу амбиентот го збогатија и „Делиите“.
Но, на терен иако Партизан ја имаше иницијативата и поголемата желба за победа, сепак, мина без поголеми возбудувања. Единствената вистинска шанса беше на страна на „црно-белите“ кои имаа промашување кое може да ги чини титула!
Па, Црвена Звезда на крајот позадоволна од оние 0-0 со оглед на тоа што ја задржа бодовнота предност пред лутиот ривал на врвот од табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА